Уставниот суд ќе разгледа три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата

од Берта Китинска

Уставните судии на денешната седница ќе постапуваат по три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата, информираат од Уставниот суд.

Подносителите на овие иницијативи оспоруваат одредени одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, како и од Законот за пензиското и инвалидско осигурување.

Воедно, на денешната седница ќе биде разгледена и иницијативата поднесена од Синдикатот на полиција во Македонија – Велес, а се оспорува Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини