Шпанскиот уставен суд го укина каталонскиот закон кој дава рамка за одржување референдум за независнот, соопштено е денеска, пренесе Reuters.

Тоа е очекуван развој на настаните и самиот референдум е прогласен за незаконски.
Уставниот суд, највисокото правосудно тело во земјата на тој начин во потполност забрани одржување на референдумот за независнот закажан за 1 октомври, затоа што го крши уставот на земјата усвоен 1978 година.
Законите за одржување на референдумот порано беа усвоени од Каталонскиот парламент, а вчера стотици илјади луѓе во Барселона протестираа барајќи одржување на референдумот и независност од Шпанија.
Порано, влатите во Мадрид соопштија дека одржувањето на каков и да е референдум за независност е незаконско, и дека Шпанија е неделива.
Каталонските власти се уште ги игнорираат сигналите од Мадрид.