Уставниот суд не поведе постапка за измените на Законот за патните исправи

од Nikola Popovski
12 прегледи

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и ја отфрли иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.

Како што соопштуваат оттаму, Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија е спротивен на Уставот.  Имено се ценеше членот 3 кој гласи:

„Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година.“

Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од  овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година.

Според иницијативата што ја поднесе партијата, државата сама го декларирала рокот на истекување на важноста на патните исправи на печатените обрасци, во моментот на издавање на секоја патна исправа, за потоа со закон истиот да го измени на директна штета на граѓаните.

Слични содржини