182
Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум.
По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Северна Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.