Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при што ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство.
Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. Седницата за избор продолжува утре(31.05.2024) во 10 часот.
Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.
Во трка за кормилото на овој Суд се двете кандидатки, уставните судијки Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. Претседателот се избира со двотретинско мнозинство. Секој од уставните судии може да предложи кандидат.
На се уште актуелната претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска, мандатот ѝ завршува на 2-ри јуни.