Уставниот суд одлучи да има подготвителна седница, на која во расправата ќе учествуваат експерти, професори, но и политички партии, на која секој ќе ги изнесе своите аргументи во врска со оспорувањето на Законот за употребата на јазиците.
!За“ одржување подготвителна седница биле петмина од шесте присутни судии, меѓу кои и известителот Елизабета Дуковска. Кога ќе се одржи подготвителната седница, ќе се одлучи дополнително.
Денешната седница започна без да присуствуваат судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.
Додека внатре траеше седницата на уставните судии, надвор од ДУИ и „Европскиот фронт“ сè уште „стражареа“ и држеа говор пред насобраните граѓани. Под силно полициско обезбедување околу зградата на Уставниот суд, од опозициската коалиција предупредија дека укинувањето на одредбите од законот би претставувало удар врз стабилноста и мирот во државата.