Уставниот суд одлучи привремено да нема етничка графа во изводите

од Nikola Popovski

Уставниот суд денеска одлучил привремено да нема графа за етничката припадност во изводите. Одлуката била донесена после гласањето при што пет судии гласале „за“, а двајца „против“.

Судиите одлучиле да продолжи постапката за упатството, кое според министерот за правда, Кренер Лога е согласно законот за матични евиденции и со него се олеснува подобра контрола при вработување во јавна администрација дали некој се пишува во друга националност за да може да се вработи.

Тој претходно го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Интересно е што Уставните судии по сопствена иницијатива оформиле предмет за оценување на уставноста на Упатството. Претходно, упатството наиде на остра критика од јавноста и од стручната јавност, која побара тоа да се укине.

Ова упатство бугарските невладини организации го искористија за пропаганда во Македонија, повикувајќи ги македонските граѓани кои сакаат да извадат бугарски пасош да извадат ваков извод каде во националност ќе пишат дека се Бугари и на тој начин полесно ќе добијат патна исправа.

Слични содржини