Уставниот суд оформи предмет за измените на Законот за работни односи

од Nikola Popovski

Уставниот суд информира дека е формиран предмет за измените и дополнувањата на Законот за работните односи, по иницијатива што ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човековите права. Оспорен е Член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

„Се наведува дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила. Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии, кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон“, наведува Уставниот суд.

Владиниот пакет закони за изградба на коридорите доби зелено светло од Парламентарното мнозинство. Пратениците од власта со 63 гласа „за“ за секој поединечно дадоа дозвола да се продолжи со имплементацијата на договорот со Бехтел и Енка. Влегувањето на компанијата „Бехтел и Енка“ во земјава предизвика бурни реакции во јавноста, од самата најава за нивно доаѓање, од моментот кога се бара работниците да работат 60 часа неделно.

Слични содржини