Уставниот суд пресече: Укинат ДУП-от за бензинската на „Пуцко-петрол“

од Nikola Popovski
143 прегледи

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05 на Општина Карпош. Како што велат од таму, утврдено е дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от, бидејќи се предвидува изградба на бензинска станица, која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти.

Земјиштето за изградба на бензинската пумпа веќе беше продадено на фирмата „Пуцко Петрол“. Со тоа се отвора патот, да биде бара побарана милионска отштета.

Уставниот суд со поведување на постапка на 11 јануари годинава оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото.

Во тек е и времена мерка, бидејќи на истата седница Судот одлучи да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука.

Пред речиси три месеци, општина Карпош соопшти дека ќе побара од Уставниот суд средба за да се разјасни ситуацијата на лице место со докази.

Слични содржини