Локалните избори се одложени, изместени и целиот пакет на локалната самоуправа е во лер. Тие најверојатно ќе се одржат на крајот на оваа година најрано во септември, најдоцна во ноември.Актуелнте„локалци“ по овој 15. стануваат нерелевантни.
Спроведувањето на Локалните избори, порди истекот на мандатот, датумот за нивната реализиција се неизвесна заради доцнењето на избор на претседател на Парламентот, сега на Влада, па функционалност на зградата и салата на Собранието чие поправање одзема доополнително време, за да може да заседава собраниеот, па непризнавање на истото од страна на власта на заминување, со еден збор целиот пакет на блокада на трансфер на власта по парламентарните избори ги блокираа и локалните.ВМРО ДПНЕ сакаше да спакува во едно и локални и нови парламентарни, Алијансата предложи три во едно, ги додаде и претседателските, а лидерското СДСМ стави до знаење дека е тоа ќе оди раздвоено и никако заедно.
Лидерот на опозицијата, социјалдемократот, Зоран Заев, порача дека политичките партии, по формирањето на новата Влада, мора да договорат датум за гласањето за нова локална власт, бидејќи општините го чувствуваат притисокот од долготрајната криза.
„Јас сум градоначалник 12 години, бев до 30 декември, знам колку е сериозна локалната власт. Допира до секојдневието на граѓаните, преку училиштата, градинките, урбанизмот, комуналните претпријатија. Допира до секое семејство, до секој наш граѓанин. Мораме да направиме чисти избори“ – изјавил Заев.
Откако беше пречекорен рокот за распишување на локалните избори неколку министерства и ЗЕЛС поднесоа иницијатива до Уставниот суд со барање да се оцени уставноста на неколку членови од Законот за локална самоуправа и Изборниот законик. Од Уставен потврдија дека барањето ќе се разгледува на следната седница, на 10 мај.
Според законот, мандатот на локалните власти истекува на 15 мај, по што Македонија останува без локална самоуправа. Последниот рок за распишување на локалните избори во Собранието, поради политичката криза беше пробиен на 6-ти март, што меѓу експертска јавност остави голем број отворени прашања како да се најде решение а тоа да не биде на товар на граѓаните.