Усвоен закон кој му овозможува на Путин повторно да учествува на претседателските избори

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Советот на Руската Федерација на денешниот состанок усвои закон кој му овозможува на рускиот претседател Владимир Путин повторно да учествува на претседателските избори.

Голем број законски одредби беа формулирани врз основа на измени и дополнувања на Уставот, како што е ограничување на бројот на претседателски мандати за едно лице, објави ТАСС.

Тоа се однесува на сегашниот шеф на државата, без оглед на неговите претходни претседателски мандати.

Ова правило му овозможува на сегашниот шеф на државата да ја извршува таа функција уште два мандата.

Законот предвидува дека секој државјанин на Русија постар од 35 години, кој има постојан престој на територијата на државата најмалку 25 години и нема и никогаш немал дозвола за државјанство или престој на друга држава, може да се кандидира за позицијата претседателот на Русија.

Слични содржини