Усвоени измените и дополнувањето на Законот за државјанство

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“.

Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава.

Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на Законот.

Слични содржини