Усвоени измените за цените на лекување во приватните болници, пратениците на потег

од Берта Китинска
362 прегледи

Владата ги одобри и измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, кои ќе му овозможат на Министерството за здравство да утврди највисоки цени за приватните болници за хоспитализација на пациенти со ковид-19.

Највисоките цени што Министерството ќе може да ги утврди за приватните болници во услови на кризна состојба прогласена заради здравствена заштита или пандемија се во висина на референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија.

Предложените измени, кои ќе бидат испратени до парламентот за усвојување по итна постапка, предвидуваат употреба на ресурси на приватни болници во услови на пандемија, доколку е потребно, како и измени во казните доколку приватните здравствени установи не постапат во согласност со законски одредби.

Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Со измените, исто така, е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку е тоа потребно за заштита на јавното здравје и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

Измените треба да ги усвои Собранието, а министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера прв ги најави овие измени, апелираше до пратениците да дадат поддршка на оваа законска регулатива.

– Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид-пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, напиша Филипче на Фејсбук.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Слични содржини