Усвоени планот и протоколите за настава во основното и средното образование со физичко присуство

од Nikola Popovski
249 прегледи

Владата денеска ги усвои и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта, во учебната 2021/2022 година, како и протоколите за постапување на средните и на основните училишта во Република Северна Mакедонија, за реализација на воспитно-образовниот процес, со физичко присуство на учениците, во учебната 2021/2022 година.

– И нашето искуство како држава, во која од прво до трето одделение се одеше во училиште, сите подрачни, помали училишта беа отворени за сите одделенија во основно образование, средните стручни училишта исто така праксата ја одвиваа во училница, се покажа дека трансмисија во образовниот процес немаше, изјави вчера министерката Мила Царовска.

Сепак доколку здравствените власти оценат дека состојбата се влошува, ќе биде применет хибридниот модел или целосна он лајн настава.

Наставата започна од 1-ви септември.

Слични содржини