203
Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, проследени со силен ветер, над 70 километри на час и појава на грмежи.
Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.
Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.