Утре ќе започне вонредниот инспекциски надзор за починатиот 28-годишен пациент

од Берта Китинска
305 прегледи

Утре ќе започне вонредниот инспекциски надзор за да се испита смртта на 28-годишното момче кое вчера почина од коронавирус, вели директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова.

„Вoнреден инспекциски надзор ќе следува од утре. Вонредниот инспекциски надзор ќе го опфати како и секој пат досега целокупниот пат на лекување на пациентот, од неговиот матичен лекар до установата кадешто починал“, изјави Сотирова-Бухова.

Таа соопшти дека државниот здравствен и санитарен инспекторат секогаш  извршува инспекциски надзор во оние случаеви каде има починати млади пациетни.

Слични содржини