Утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури

од Берта Китинска
160 прегледи

Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во Избирачкиот список, а утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии.

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак до 19 септември треба да достават евентуални барања за негова корекција до Комисијата. До 24 септември, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список, а најдоцна до 1 октомври да го потпише.

Утре на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори до Општинските изборни комисии. Најголем дел од партиите најавуваат дека кандидатурите до ОИК ќе ги поднесат денеска до крајот на денот или утре.

Во меѓувреме тече рокот за поднесување барања до ДИК за набљудување на локалните избори.

Слични содржини