258
Во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), утре почнува јавниот увид во избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Увидот ќе трае до 18-ти март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата https://izbirackispisok.gov.mk/.
Во подрачни одделенија ќе може да се поднесуваат и писмени барања за запишување, дополнување или бришење на податоците на граѓаните во избирачкиот список.
Согласно роковникот и изборниот законик, избирачкиот список што ќе оди на избори се заклучува и потпишува најдоцна 15 дена пред изборите.