315
Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделник преку видео врска ќе учествува на конференција на „Мал Шенген“.
Кабинетот на Вучиќ објави дека на конференцијата ќе учествуваат и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, како и премиерот на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар,пренесоа српските медиуми.
По тој повод ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија за соработка во борбата против Ковид-19.
– Ќе се потпише и меѓудржавен договор меѓу Република Србија и Република Албанија за слободно движење на граѓаните со лични карти – се додава во соопштението.