(ВИДЕО) Утре повторно протести пред Уставниот суд

од desk3

Во понеделник, 29.02.2016 година, во 12.00 часот, АЈДЕ јавно ги повика сите граѓани на Република Македонија масовно да учествуваат на протестот пред зградата на Уставниот суд.

“Ајде, во понеделник, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка.

Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставиниот суд!
Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта!

Мигрантите заглавени во кампот во Идомени протестираа „Отворете ги границите“

Во Македонија мора да се вратат правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот!
На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, решително и непоколебливо ќе им порачаме дека тие се одговорни пред сите нас – граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта.

Затоа, ајде сите да се собереме пред Уставниот суд, точно на пладне на 29 февруари 2016.
НЕМА ПРАВДА –НЕМА МИР!”- се вели во повикот.

 

loading...

Слични содржини