168
Утре во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини од „Фајзер“, кои се дел од донацијата од Србија.
-Пратката со вакцини ќе ја предаде министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, а од македонската страна ќе ја прифати неговиот колега, Венко Филипче, информира Министерството за здравство.
Примопредавањето ќе се одвива на граничниот премин Табановце, меѓу С Македонија и Србија.