162
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 23.10.2022 (недела), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.