844
Слаб земјотрес утрово бил почувствуван на територија на Македонија. Земјотресот бил со јачина од 2 степени според Рихтер, со епицентар на 16 километри од Делчево.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, објави дека потресот се случил на длабочина од 10 километри и бил регистриран во 8 часот и 52 минути по локално време.
Нема информации за причинета материјална штета.