Утринава почувствувани нови земјотреси во Македонија

од Nikola Popovski
427 прегледи

Утринава два помали земјотреси биле регистрирани во западниот дел на Македонија, со епицентар во Маврово.

Првиот бил во 03 часот и 52 минути, со јачина од 3.1 степен по рихтер, а епицентарот, според првичните информации е кај Мавровско езеро.

Вториот послаб земјотрес е регистриран 6,15 часот со магнитуда од 2,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар исто така во Маврово на длабочина од 10 километри.

Минатата недела исто имаше неколку земјотреси во западниот дел на Македонија, кои беа почувствувани во Маврово, Гостивар, Кичево. Во западниот дел многу почесто има земјотреси за разлика од источниот.

Слични содржини