Утринава пронајден мртов затвореник во „Шутка“

од Берта Китинска
358 прегледи

Во затворот Скопје во Шутка, рано утрово околу 4:30 во келија е најден починат 47-годишен притвореник од Ресен.

На 08.04.2020 во 04.30 часот во СВР Скопје, А.Ѓ. вработен во Затвор Скопје пријавил дека во притворско одделение во Затвор Скопје бил пронајден починат А.Е.(47), од с.Горна бела црква, ресенско. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Слични содржини