Утрово опожарени четири товарни возила на компанија од Скопје

од Nikola Popovski
245 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека рано утрово дошло до голем пожар во кругот на фирма на улицата „Скупи“.

Околу 3:10 часот по полноќ во круг на фирма на улицата Скупи во Скопје настанал пожар во четири товарни моторни возила – миксери за бетон, сопственост на Ј.Ј.(45).

Полицијата соопшти дека нема повредени лица, а екипа на противпожарната бригада Скопје го изгаснала пожарот.