Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека рано утрово дошло до голем пожар во кругот на фирма на улицата „Скупи“.
Околу 3:10 часот по полноќ во круг на фирма на улицата Скупи во Скопје настанал пожар во четири товарни моторни возила – миксери за бетон, сопственост на Ј.Ј.(45).
Полицијата соопшти дека нема повредени лица, а екипа на противпожарната бригада Скопје го изгаснала пожарот.