Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

од Nikola Popovski
119 прегледи

Утрово бил регистриран земјотрес во земјава, поточно во околината на Штип.

Како што објави сервисот „EMSC“, потресот се случил во 4 часот и 22 минути, бил со јачина од 2,3 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Изминативе две недели ова е петти пат да има слаб земјотрес кај Штип.

Слични содржини