Еден часот по полноќ бил регистриран послаб земјотрес во Македонија. Ова го покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) со седиште во Франција.
Потресот бил со јачина од 2,1 степен според Рихтер.

Епицентарот е на длабочина од 5 километри, на 21 километар од Кичево.
Македонија претставува територија со средно ниво на сеизмичка изложеност. Серијата земјотреси кои беа регистрирани во последниот период од нашата држава се дел од вообичаената сеизмичка активност.