Селекторот на нашата најдобра кошаркарска селекција, Александар Тодоров е задоволен од сработеното во изминатите пет дена од подготовките во Скопје. Освен несанираната повреда на Марко Симоновски, сето останато е според очекувањата на предводникот на нашиот национален тим кој ги одбра 15. играчи на кои ќе смета за турнирот кој од 18. до 22. февруари ќе се одржи во Перм.
По неколкуте одработени тренинзи во Скопје, и второто ПЦР тестирање од Ковид-19 кое беше реализирано пред саботниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, шанса добија вкупно 13. кошаркари на кои во текот на утрешниот ден, пред тргнувањето за Перм ќе им се приклучат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
„Можам да кажам дека сум задоволен. Направивме солидни подготовки во изминатите пет дена. Таму имаме уште два дена, што е малку. Меѓутоа повеќе во однос на останатите репрезентации, особено од нашата група од кои еден дел се собира дури утре“, вели Тодоров.
Во пет дена, четири и тоа како тешки мечеви нè очекуваат во Русија, еден навистина пеколен распоред кој го одреди ФИБА, но селекторот Тодорв потенцира дека немаме избор, победата е единствена опција на која ќе се игра.
„Добро, проблем е дефинитивно. Но така процениле во ФИБА, така решиле. Ние треба да го исполниме. Тешко е, навистина е тешко, особено што веќе имав можност да играм со мојот клуб еден таков ‘балон’. Односно да играме четири натпревари во пет дена, каде што беше навистина тешко. Особено што во тие услови, како клуб, дури и можеш и малку да тактизираш. Да одмориш некого. Ова е сепак репрезентација. Сакале или не, мора на секој натпревар да одиш на максимум“- вели селекторот Тодоров.
На списокот кои се патуваат за Русија се : Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Виктор Ефремовски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Лука Савиќевиќ, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски.
Првиот натпревар го игра в четврток на 18 февруари против селекцијата на Италија.