Предлог Законот помина на владина седница, до 100 евра субвенции за повисоки плати

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог – законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од Буџетот на РСМ во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

-Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од владината прес-служба

Притоа, како што се додава во соопштението, осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Слични содржини