127
До октомрви годинава се очекува да заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Увид во активностите за рехабилитација денеска ќе извршат министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи, Горан Сугарески и Оливер Спасовски, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
На терен се работи на асфалтирање на патот, во должина од 32 километри. Вредноста на активностите изнесува 2,9 милиони евра, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој. Со претходниот проект беа рехабилирани 10 километри од регионалниот пат.