Ужас без крај: 126 се досега жртвите на крвавиот напад во Анкара

од desk3
82 прегледи

Бројот на жртвите на терористичкиот напад во Анкара достигна 126 лица, а повредените при двете експлозии веќе се околу 400, соопшти lifenews.ru. Двете експлозии се случија вчера во реонот на железничката станица во Анкара за време на митингот во кој учесниците повикаа за крај на конфликтот меѓу забранетата во Турција Курдистанска работничка партија и властите во земјата. Од турската полиција соопштија дека експлозивните направи, користени при терористичките напади во Анкара и во Суруч во јули оваа година, се аналогни – направени се од ТНТ и се опремени со поразувачки елементи во вид на метални топчиња.

20151011.arzjvykzcw

Турските власти соопштија дека еден од бомбашите-самоубијци кои стојат зад експлозиите во Анкара, е маж на возраст меѓу 25 и 30 години. На местото се земени отпечатоци од повеќе од 160 загинати и повредени. Подоцна е разјаснето дека еден од отпечатоците најверојатно припаѓа на терорист.

Во центарот на Анкара на плоштадот Сиххие во моментов се собраа неколку илјади луѓе, за да им оддадат почит на загинатите во нападот во саботата. Локалните власти целосно ја затворија за движење една од главните улици во градот- булеварот “Ататурк”, пријавени ТАСС.

На плоштадот се собрале како членови на различни синдикални и јавни организации, така и обични граѓани. Сите носат жалосни ленти.