573
Пијан педофил нападнал 3-годишно дете на игралиште во скопско Дебар маало, информираат од МВР.
-На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочуваат од полицијата.
Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните и гаќичките, но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.