Ужас во Петриња: Маж се разнесе со бомба

од Nikola Popovski
804 прегледи

56-годишен маж извршил самоубиство во хрватскиот град Петриња активирајќи експлозивна направа, потврди сисачко-мославинската полиција.

Трагедијата се случи во вторникот во раните утрински часови.

– Веднаш по пријавата за експлозијата, тим за истрага на полицијата во Сисак-Мославина излезе на терен за да ги утврди сите околности на овој настан – изјави за Хина, портпаролот на полициското одделение Дарио Качмарчиќ.

Полицијата не ги откри деталите за самоубиството.

-Овие подрачја се трауматизирани, ова е единствената судбина која дава порака. Психолошката помош доаѓа, а прашање е колку ќе биде тоа доволно. Жал ми е, мое сочувство за фамилијата, изјави Даринко Думбовиќ, градоначалникот на Петриња.

Поголем дел од градот е во урнатини по разорниот земјотрес кој ја погоди Хрватска при што загинаа осум луѓе. Има пријавени штети во повеќе од 37 илјади објекти, од кои досега 2.200 се прогласени за непоправливи. Повеќе слаби земјотреси  и денеска се регистрирани во Хрватска.

Слични содржини