316
Вчера попладне 31-годишна тетовка го пријавила поранешниот сопруг во Тетовската полиција.
Според пријавата, во 16.50 часот во СВР Тетово, жената пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.
На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово.
-За настанот бил известен јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.