Бројот загинати во поплавите во Грција порасна на 16. Откако пожарникарите пронајдоа тело на маж во подрум на една куќа во местото Неа Перамос.

Спасувачките акции продолжуваат затоа што уште неколку лица се водат за исчезнати, а метеоролозите најавуваат уште дождови.

Поплавите направија огромен неред на улиците на Атина, но и многу помали места долж западниот брег.
Невремето не ја одмина Атина ни денеска, а доведе до привремен прекин на сообраќајот на една од главните авении во грчката престолнина.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/photos/a.1423656947857402.1073741825.1377757209114043/2117633148459775/?type=3&theater