Намалувањето на работоспособното население според последниот извештај на Државниот завод за ревизија според професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов, само по себе е многу лошо и за државата и за економијата. Тој за „Локално“ објаснува дека кога во една држава старее населението и се намалува бројот на рабтоспособно население, значи дека државата губи човечки капитал.
-Во услови кога земјата нема многу други ресурси, човечкиот капитал е мошне важен за развој на економијата. Ова е многу лоша основа во перспектива и многу негативно ќе влијае на економскиот развој, изјави Узунов.
Директорот на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски вчера изјави дека извештајт за стареење на населението, што го обавија денес има загжувачки податоци задемогравските трендови,
-Имаме загрижувачки бројки во она што значи работоспособно население, имаме загрижувачки податоци за сместувачките капацитети на повозрасното население. Имаме податоци кои укажуваат дека се потребни реформи во пензискиот систем бидејќи се повеќе и повеќе се создава состојба каде имаме поголем број на корисници на пензија, а помал број на вработени луѓе, изјави Ацевски.
Додава дека во вакви услови се зголемува притисокот кон оние што работат, бидејќи им се зголемува товарот да ги издржуваат другите.
-Во вакви услови она што државата може да го направи е да ги олесни последиците, а тоа ќе го направи со подобрување на условите за бизнис, како за компаниите, така и за вработените. Тоа значи да и обезбеди подобри услови за работа, а тоа не може да го направи без да ги реши корупцијата, непотизмот и клиентелизмот, кои кај нас стануваат се полоши, изјави Узунов.
Според него втора работа која може да ја направи државата е да направи брзи реформи на образованието.
-Ова е потребно за да се обезбеди квалитетно образование за сите и работоспособната сила да биде квалитетна за да има се подобри квалификации. За жал кај нас има се повеќе луќе кои се функционално неписмени и тоа мора да се промени, изјави Узунов.
Тој смет дека и државата и приватниот сектор треба да вложи силен напор да се воведе дигитализацијата и дека тоа е дел од решението кога нема доволно рабтна сила.
-На пример на патарините нема потреба да седи човек и да наплаќа, тоа може да се направи со обичен апарат, и секој што ќе помне така да плати. Доброто образование за сите и добивање соодветни квалификации е најважно. На крај може државата да се одлучи и на увоз на работна сила, но тоа не е решение и тоа може да се користи само во одредени дејности, како што е градежништвото на пример, изјави Узунов.
Е.Б.