Вачков: Нема напредок во односите меѓу Бугарија и С.Македонија

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ) минатата година не го постигнаа потребниот напредок, коментира проф. Даниел Вачков, директор на Институтот за историски студии и член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија.

„Се плашам дека и оваа година, иако закажавме многу состаноци на бугарско-македонската комисија, нема да има многу сериозна промена во пристапот. Се сомневам дека ќе се задржи оваа политика на негирање на какви било заеднички процеси“, смета аналитичарот.

Проф. Вачков повика на одговорност на елитите во билатералните односи, кои „во двете општества почнуваат да презентираат што е минато, а што е сегашност“ и „да престанат да ја користат темата за свои политички цели“.

Од 1 јануари РСМ го презеде претседателството со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Слични содржини