Вадефул: Србија на избори ќе одлучи кој пат ќе го избере

Вадефул рече дека добил уверување од српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ дека Србија е јасно посветена на патот кон Европската Унија.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Инстаграм/buducnostsrbijeav

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави утрово во Белград дека Србија ќе одлучи кој пат ќе го избере на избори и дека нема сомнение дека тоа ќе биде овозможено.

Вадефул рече дека добил уверување од српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ дека Србија е јасно посветена на патот кон Европската Унија.

Тој им изјави на новинарите во Белград по средбата со Ѓуриќ дека од кандидатите за членство се очекува да обезбедат и слобода на собирање и изразување и дека за тоа не се преговара, бидејќи тоа се столбовите на ЕУ.

Вадефул, кој синоќа пристигна во Белград, каде што разговараше со Вучиќ, а денес со Ѓуриќ, ќе разговара и со претставници на граѓанското општество, по што ќе отпатува во Приштина и во Скопје, каде што ќе ја заврши својата тридневна посета на Западен Балкан.

По Белград, германскиот министер ќе отпатува за Приштина, каде што ќе се сретне со косовскиот претседател Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти и со германските војници во мисијата КФОР.

Потоа германскиот министер за надворешни работи ќе отпатува за Скопје, каде што се закажани средби со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Вадефул ја започна својата турнеја во недела со посета на Босна и Херцеговина, а потоа на Црна Гора и Албанија пред да пристигне во Белград.