„Вагнер“ во Белорусија регистрирана како организација која обезбедува образовни услуги

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Руската паравоена група „Вагнер“ е регистрирана во Белорусија, а нејзините активности се означени како образовни услуги, се наведува во белорускиот државен регистар на правни лица.

Друштвото со ограничена одговорност „Вагнер груп“ е регистрирано на почетокот на август, а како вид на дејност на правното лице се наведени „други видови образование“, пренесува РИА.

Според локалните медиуми, сопственик на новото правно лице е руската компанија Concord Management and Consulting, на чело со Евгениј Пригожин, основачот на „Вагнер“.

Слични содржини