„Уставните измени се непроменлив услов. Доколку овие критериуми и услови не се исполнат, нема да има напредок на патот кон пристапување. Имам многу јасна комуникација со Владата во Македонија дека овој услов мора да се исполни и дека нe e предмет на преговори“, порачал европратеникот и известувач за земјава во Европскиот парламент, Томас Вајц.
Говорејќи за проблемите на Македонија, европратеникот укажал корупцијата е проблем што го делат многу земји од ЕУ и земји надвор од ЕУ, во различен степен. Вајц потенцира им штети на интересите на граѓаните низ целата ЕУ, но верува дека сите треба да се стремиме да се бориме против корупцијата на секој можен начин.
-Уставните промени се услов за започнување на вистински преговори за пристапување. Ова е услов поврзан со европското acquis, што е законодавството што секоја земја мора да го спроведе и почитува. Почитувањето на малцинствата и заедниците е фундаментален елемент за секоја земја што сака да стане членка на ЕУ. Во таа смисла, ова е многу важна тема. Гледам дека не се очекуваат избори во Северна Македонија следната година. Мислам дека ова ни дава можност да видиме одреден напредок. Се надевам дека ќе видиме напредок бидејќи ова е основен услов и додека не се спроведат овие уставни промени, за жал не можеме да започнеме ефикасни преговори за пристапување. Ова е многу јасно. Ова се заклучоци на Советот и ова е дел од барањата што Северна Македонија мора да ги исполни, рекол Вајц во интервју за бугарската „БГНЕС“.