Вајлдер има скршена рака, повреден прст и испукана усна после борбата со Фјури

од Nikola Popovski

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер ја скршил раката за време на борбата со британскиот боксер Тајсон Фјури во неделата наутро.

Вајлдер беше поразен во третиот спектакл во тешка категорија, со нокаут во 11-та рунда, а покрај поразот, Вајлдер ги повредил раката и прстот.

„Вајлдер е добро, тој е во соба, на одделение, направивме прегледи и лекарите утврдија дека има скршена рака, испукана усна и скршен прст. Животот продолжува. Сега Дионтеј го чека период на опоравување и не сакаме воопшто да зборуваме за боксот некое време“, изјави за ЕСН Њуз, Малик Скот, тренер на „Бронзениот бомбардер“.

Вајлдер ја скрши раката и пред три години, 12 недели пред првата борба со Фјури. Тој боксерски меч заврши нерешено, следните два ги доби Британецот, сопственик на ВБЦ појасот.

„Ќе анализираме што се случи. Фјури удираше посилно во финишот. Претпоставувам дека Тајсон сега ќе се бори да ги обедини сите титули со Усик, што ќе биде одлично за боксот. Што се однесува до Вајдлер, верувам дека ќе се врати уште посилен по добар и долг одмор“, убеден е Скот.

Слични содржини