Sky News разговарал со потполковник Питер Лернер, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ). За време на опсежното интервју, тој бил прашан за вчерашниот напад на бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, во кој болничките власти соопштија дека загинале повеќе од 50 луѓе, а повеќе од 150 се повредени.
ИДФ ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека го целеле и убиле командант на Хамас по име Ибрахим Биари. Потполковник Лернер рече дека ударот предизвикал зградата да се сруши во тунелите каде што тој и другите милитанти на Хамас дејствуваат, но прифатил дека цивилните жртви биле „навистина трагични“.
„Цивилните жртви се навистина трагични, членовите на Хамас намерно се кријат меѓу цивилите“
„Ги извршуваме нашите напади против Хамас. Тоа е причината поради која веќе три недели бараме од луѓето од северот да одат на југ“, рече тој.
„Знаеме дека Биари се криеше во Џабалија, знаеме дека тие намерно се кријат меѓу цивилите. Цивилните жртви на оваа војна се навистина трагични и гледаме дека оваа терористичка организација не води сметка за човечките животи“, рече тој.
Додаде дека ИДФ „прави се“ за да се обиде да го ограничи бројот на загинати цивили, но додаде дека Хамас „треба да биде уништен“. Запрашан дали нападот ја прекршил Женевската конвенција, потполковникот Лернер рече дека постои „воена неопходност“ и дека не е јасно колку од загинатите се борци на Хамас, а колку се цивили.