Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со кампањата „Од врата до врата“

од Nikola Popovski
248 прегледи

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, информираше денеска МЗ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини.

Кампањата започна на 24 април 2023 година, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира со финансиска поддршка од ЕУ. Во неа се вклучени повеќе од 30 медицински тимови, кои до крајот на овој месец планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 120 населени места. Тимовите составени од здравствени работници ги презентираат бенефитите од имунизација, а воедно вршат и администрирање на вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

Слични содржини