Вакцина против коронавирус веќе во октомври?

од Aleksandar Petrovski
128 прегледи

Еден швајцарски имунолог, наводно, развил кандидат за вакцина против коронавирусот, која, по успешно тестирање, веќе би можела да се искористи оваа година.

Мартин Бахман од Универзитетската клиника во Берн има намера да ги заврши потребните студии и процес на одобрување што е можно побрзо, за да може масовната вакцинација да започне во Швајцарија во октомври.

Надзорниот комитет за здравство „Свисмедик“ ги потврди разговорите со Бахман и другите истражувачи кои работат на вакцината против коронавирусот.