Вакцината „Спутник V“ одобрена во 50 земји

од Берта Китинска
532 прегледи

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) објави дека вакцината Спутник В против вирусот корона досега е одобрена во 50 земји или територии, а 50-та земја на таа листа е Намибија.

„Министерството за здравство и социјална поддршка на Намибија го регистрираше препаратот во рамките на забрзаната постапка. Вакцината Спутник V е одобрена во земји со вкупно население од над 1,3 милијарди “, се вели во соопштението на РФПИ.

Директорот на Фондот, Кирил Дмитријев, оцени дека одобрувањето на вакцината во 50 земји значи „нова важна фаза“ и истакна дека „РФПИ соработува со партнери ширум светот и нуди една од најдобрите вакцини во однос на ефикасноста, безбедноста и достапност “.

„Гледаме голем интерес и вложуваме максимални напори да одговориме на побарувачката за руска вакцина и така што повеќе земји ќе имаат можност да го заштитат населението благодарение на Спутник V“, истакна Дмитријев.

Вакцината Спутник V, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август минатата година доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, што ја прави прва регистрирана вакцина против вирусот корона во светот . Вакцината е направена на тестирана и добро проучена платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, а нејзината ефикасност е над 90 проценти, објави порталот Спутник.

Руската вакцина, како што се наведува, е на второ место во светот по бројот на добиени одобренија издадени од државните регулатори.

Слични содржини