397
Интересот на граѓаните од С. Македонија за вакцинирање во Србија не опаѓа, пренесуваат српските медиуми.
Според објавеното, во текот на вчерашниот ден, на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање се дадени вкупно 366 вакцини, а од тој број, граѓаните на Северна Македонија примиле 295 дози.
„Досега, вкупниот број на вакцини дадени во Врање 74.762. Потсетуваме дека граѓаните на Северна Македонија во Врање можат да примат некои од вакцините без претходно закажан термин“, објави српски „Новости“.