Вакцинираните со „Синофарм“ имаат најслаб имунитет – потребна е трета доза

од Берта Китинска
1,2K прегледи

Заменик -директорот на Нишкиот клинички центар и координатор на ковид центрите во Ниш, д -р Радмило Јанковиќ, тврди дека постарите лица кои примиле две дози „Синофарм“ имаат најслаб имунитет и апелира да се вакцинираат со трета доза .

– Кога ги споредувате вакцините, гледате дека сепак најслаб имунитет имаат луѓето што се имунизирале со „Синофарм“. За жал, оваа вакцина ја примија многу од старите луѓе во Србија и тоа е многу тажен факт. Тажен е затоа што мислам дека мора да им дадеме можност да го зајакнат имунитетот – рече Јанковиќ.

Тој вели дека постарите луѓе кои примиле „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија, итно треба повторно да се вакцинираат, односно да примат трета доза.

– Моја препорака е оние кои примиле „Синофарм“, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да примат „Фајзер“ – советува Јанковиќ.

Слични содржини