Вакцините со погрешна декларација не биле уништени

од desk2
88 прегледи

Вакцините со погрешна декларација не биле уништени Министерството за внатрешни работи го известила надлежниот јавен обвинител дека во просториите на фирмата „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и оти тие се уште не се уништени.


„Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на ‘Македонија лек’, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба“, соопшти Обвинителството.